Search

Приведени разбојници во Струмица

На 19.06.2023 во 14.00 часот и на 20.06.2023 во 04.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од с.Три Води, струмичко. Тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот  со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од с.Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари. Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Треба да знаете
Последни објави