Search

Нова демократија со двојно поголема предност од СИРИЗА

Двојно поголема предност добива Нова демократија во однос на СИРИЗА на новото истражувањето на јавното мислење во Грција спроведено од агенцијата МРБ за информативниот портал „Њузбомб“, објавено денеска, на пет дена пред парламентарните избори во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Со 36,6 отсто до неодамна владејачката партија и победник на изборите минатиот месец е со највисок рејтинг, а потоа следат СИРИЗА со 17,8 проценти, ПАСОК со 10,3 отсто, Комунистичката партија со 6,2 проценти, а изборниот праг од три отсто за влез во Парламентот го поминуваат уште три помали партии.

Согласно резултатите, Нова демократија би добила 162 пратенички места со што го обезбедува неопходното парламентарно мнозинство од најмалку 151 пратеник за формирање еднопартиска Влада.

На изборите на 21 мај, Нова демократија победи со 40,79 отсто од гласовите, а СИРИЗА беше втора со 20,07 проценти.

Истражувањето на агенцијата МРБ за информативниот портал „Њузбомб“ било спроведено од 15 до 19 јуни 2023 година со анкетирани 1.000 граѓани со право на глас.

Треба да знаете
Последни објави