Search

Луксембург ја посрамоти БиХ, Србија се спаси во Бугарија, Роналдо и донесе победа на Португалија

Последните мечеви од квалификациите за Европското првенство во 2024 оваа пролет ни донесоа повеќе изненадувачки резултати, од кои најмногу отскокнува неверојатната 0:2 победа на Луксембург на гости кај Босна и Херцеговина.

Во другите мечеви,  Србија со гол во 96. минута спаси 1:1 реми со Бугарија во балканското дерби, додека Полска доживеа неочекуван 3:2 пораз на гости кај Молдавија. Белгија и покрај скандалот со голманот Тибо Куртоа, стигна до рутинска 3:0 победа на гости кај Естонија, додека Португалија со гол во 95. минута ги победи Исланд на гости со гол на „славеникот“ Кристијано Роналдо.

Во Зеница, Ивндро Борхес Санчез ги донесе Луксембург во водство уште во 4. минута, за БиХ да промаши пенал во 56. минута преку Амир Хаџиахметовиќ, за  Данел Синани во 74. минута да ја поврди победа на гостите. Во Разград, Кирил Десподов донесе водство за Бугарија во 47. минута, за Дарко Лазовиќ во 96. минута да спаси поен за тимот на Драган Стојковиќ-Пикси.

ЕУРО 2024 КВАЛИФИКАЦИИ
ГРУПА А
Норвешка – Кипар 3:1

ГРУПА Е
Фарски Острови – Албанија 1:2
Молдавија – Полска 3:2

ГРУПА Ф
Австрија – Шведска 1:0
Естонија – Белгија 0:3

ГРУПА Г
Бугарија – Србија 1:1
Унгарија – Литванија 2:0

ГРУПА Ј
Босна и Херцеговина – Луксембург 0:2
Исланд – Португалија 0:1
Лихтенштајн – Словачка 0:1

Треба да знаете
Последни објави