Search

Уапсен уште еден Србин во Лепосавиќ, мештаните се собраа околу општинската зграда – засилени сили на КФОР

Рано утрово во Лепосавиќ, Косово, е уапсен уште еден Србин, У.В., откако ја напуштил својата куќа, јавуваат српските медиуми.

Тој е уапсен утринава околу 8 часот, кога излегол од населбата Тврѓан кон Лепосавиќ, во близина на местото викано Бункер.

Жителите на Лепосавиќ се собираат во близина на општинската зграда и се видно вознемирени од веста.

Во петокот на административниот премин Јариње беше уапсен здравствениот работник Далибор Спасиќ, а ден пред тоа во Лепосавиќ беше уапсен Србин кој е обвинет за наводен напад врз новинари.

Треба да знаете
Последни објави