Search

Курти води политика на заплашување, за Србите да се иселат од Косово и Метохија, вели српскиот министер Весиќ

Најголемото насилство и терор врз еден народ во Европа во моментов се случува врз Србите на Косово и Метохија, истакна денеска српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, кој побара од Србите на Косово и Метохија да го слушаат советот на претседателот Александар Вучиќ, затоа што, како што рече, важно е да не се одговори на провокациите на Приштина, како што би сакал косовскиот премиер Албин Курти.

„Курти апсолутно не бира кого ќе нападне, бидејќи неговата политика е заплашување. Тој сака да ги заплаши Србите за да го напуштат Косово. Кога мајката ќе види како ги малтретираат нејзините деца, што друго може да помисли освен да се спакува и да го напушти Косово. Тоа е целта на Курти и затоа малтретира деца и апси луѓе“, изјави Весиќ за ТВ Прва.

Како што истакна, Курти сака да создаде нестабилност, за Србите да мислат дека таму нема иднина и да ги напуштат своите огништа, бидејќи му треба етнички чисто Косово.

„Најголемото насилство врз еден народ во Европа во моментов се случува врз Србите на Косово и Метохија. А, не сум слушнал дека тие што зборуваат против насилството во Белград, го спомнуваат насилството врз Србите на Космет, уште повеќе, тие дејствуваат како да не постои“, истакна Весиќ.

Министерот посочи дека претседателот Вучиќ води одговорна политика и ги советува Србите да бидат мирни и трпеливи, бидејќи оние кои ја поддржуваат независноста на Косово само чекаат погрешен потег од Србија, за да го обвинат Белград за тоа што го прави Курти.

Треба да знаете
Последни објави