Search

Битиќи: Не треба да има зголемување на цената на струјата за крајните корисници

„Анализите на ЕСМ и на регулаторот се при крај. Јас сметам дека зголемување на цената не треба да има и ќе направиме се за да нема покачување на цената на крајните корисници“ изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во интервју за МТВ.

Тој додаде дека оптимзот му е поради тоа што Владата покажа дека ако подобро се организира целиот систем може да се зголеме производството.

„Тоа што законски требаше да се случи, да се врати ДДВ на 18 отсто може да има влијание, но правиме напори тоа влијание да биде многу мало на конечната цена на струјата“ рече Битиќи

Треба да знаете
Последни објави