Search

Љубчо Георгиевски: За да бидеш Македонец треба да ги мразиш Бугарите, па и на сопствена штета

Фејсбук статус на Љубчо Георгиевски

„Резолуцијата на германскиот парламент за потврдување на македонскиот идентитет, јазик и култура по својот формат, содржина и меѓународна тежина е рамна на онаа на Коминтерната од 1934.

Вакви акти имаат донесено и Титова Југославија и Димитрова Бугарија,со помала меѓународна тежина но со конкретна важност за македонскиот народ. За жал на илинденците не им текна тоа да го побараат од османлискиот султан иако тој ги даваше милетите и без востание и без пари.

И така Македонскиот народ сега е за гинисовата книга на рекорди по ваков тип на специфични признанија на идентитетот. На пример ни самиот германски народ не може да се пофали со ваков тип на документ, а ниту англичаните, французите, италијанците а да не ги спомнувам американците или канаѓаните.

Сега неможам да се начудам на омаловажувањето и игнорирањето на оваа резолуција од страна на сите оние бранители на македонскиот идентитет. Одеднаш не било важно? Само 5% било тоа???

Изгледа, за навистина да бидеш Македонец е 100% да ги мразиш Бугарите, па макар и на сопствена штета.

Треба да знаете
Последни објави