Search

СДСМ: Ако Мицкоски сака разговор за предлозите за уставните измени нека одреди тимови

Доколку Мицкоски сака разговор за предлозите околу уставните измени нека одреди тимови.

Мицкоски го промени ставот и прифати уставни измени, прифати учество во заедничка широка Влада со СДСМ и прифати дека овој собраниски состав има мандат за уставни измени.

Овие приближувања се добра основа дијалогот за сите детали и предлози да продолжи со тимови односно работни групи. СДСМ за тоа е подготвена.

На потег е Мицкоски, во спротивно тој ќе биде причината за затворање на вратата за дијалог, важен за европската иднина на државата.

Треба да знаете
Последни објави