Search

Навивач втрча на терен и му ги бакнуваше копачите на Роналдо

Навивач на португалската репрезентација истрча на теренот за време на синоќешниот натпреварот со Босна и Херцеговина.

Во второто полувреме од квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 во Лисабон, навивач со португалско знаме тргна кон напаѓачот на Кристијано Роналдо, падна на колена пред него, му ги бакна копачките и се поклони и го прегрна.

Стана на нозе, навивачот повторно го прегрна 38-годишниот играч и го подигна. Потоа тој скокна, имитирајќи ја прославата која е заштитен знак на Роналдо, по што побегна, следен од обезбедувањето.

Португалија го доби натпреварот со 3:0. 

Треба да знаете
Последни објави