Search

Верстапен ја освои пол-позицијата во Монтреал

 Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, беше најбрз синоќа во квалификациите за трката за Големата награда на Канада.

Второ најбрзо време имаше Нико Хулкенберг од Хас, додека трет беше пилотот на Астон Мартин Фернандо Алонсо.

Сепак, Хулкенберг трката ќе ја започне од петтото место поради казна од три позиции за пребрзо возење за време на црвени знамиња предизвикани од инцидентот на Оскар Пјастри во третиот квалификациски сегмент. Поради инцидентот возачите не успеаја да извовзат доволно кругови за да го подобрат пласманот и ги задржаа позициите кои ги имаа пред излетувањето на Пјастри.

Па така веднаш до Верстапен, од првиот ред ќе тргне Алонсо, додека пилотите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел ќе стартуваат од 3. и 4. место.

Покрај Хулкенберг, казни во вид на губење на три позиции на почетокот на трката добија и Ленс Строл за блокирањето на Естебан Окон во вториот квалификациски сегмент, Карлос Саинц за блокирањето на Пјер Гасли и Јуки Цунода за блокирањето на Хулкенберг во првиот сегмент. 

Трката за Големата награда на Канада ќе се вози вечер во Монтреал со почеток во 20 часот. 

Треба да знаете
Последни објави