Search

Алавес по невидена драма го победи Леванте и се врати во Ла Лига по една година пауза

Фудбалерите на Алавес последни обезбедија настап во шпанската Ла Лига следната сезона, откако победија против Леванте во финалето на дополнителните квалификации. Алавес експресно се врати во елитата откако испадна минатата сезона.

Првиот натпревар во Виторија заврши без голови, а по 90 минути од натпреварот во Валенсија исто така немаше голови. Во продолжението фудбалерите на домашниот Леванте двапати ја погодија стативата, а драмата го достигна врвот во екстра врмето на второто продолжение.

Имено, поради игра со рака во 129. минута беше досуден пенал за Алавес, кој Виљалибре го претвори во гол.
Тоа беше гол за влез на Алавес во Ла Лига, а во случај натпреварот да завршеше 0-0, немаше да има пенали, а Леванте ќе отпатуваше во елитата бидејќи во текот на сезоната беше подобро пласиран во првенството.

Од Ла Лига испаднаа Ваљадолид, Еспањол и Елче, додека, освен Алавес, наредната сезона нивните места ќе ги заземат Гранада и Лас Палмас.

Треба да знаете
Последни објави