Search

Татко ги построил трите малолетни синови и ги застрелал пред куќата во Охајо

Чед Дорман од Монро на сослушувањето признал дека планирал да ги погуби своите деца, додека окружниот обвинител на округот Клермонт, Дејвид Гаст, изјавил дека тоа е најстрашното злосторство што го видел во неговата кариера.

Дорман ги наредил трите деца на возраст од 3, 4 и 7 години во дворот пред куќата и ги погубил со пушка. Обвинителот Гаст рекол дека едно од момчињата се обидело да побегне во полето, но дека Дорман го „фатил“ и го вратил во куќата и го убил.

Мајката на момчето наводно била застрелана во раката во обид да ги спаси своите синови.

Дорман вчера се појави пред судот по три точки од обвинението за тешко убиство. Тој беше изведен пред судот окован и облечен во зелен елек, кој обично се користи за да се спречат луѓето да се самоубијат. Неговата кауција е одредена од 20 милиони долари на барање на обвинителот.

– Траумата што ја предизвика овој човек е неопислива. Невозможно е да се сфати овој вид на ужас. Тој беше нивниот свет. Тој им беше старател и ладнокрвно ги егзекутираше – рече обвинителот.

Гаст открил и дека Дорман не само што признал дека ги извршил убиствата, туку и дека ги планирал.

– Не можеме да именуваме личност која претставува поголема закана за заедницата – рече Гаст.

Обвинителот рече дека замениците на шерифот кои пристигнале на местото на злосторството се обиделе да ги реанимираат момчињата.

– Ги држеа момчињата знаејќи дека не можат со ништо да им помогнат – рекол Гаст.

Диспечерскиот центар на округот Клермон примил два повици во врска со инцидентот.

Неидентификувана жена се јавила на 911 во 16 часот и 15 минути, врескајќи дека нејзините „бебиња се застрелани“. Вториот повик бил во 16 часот и 18 минути кога во полиција било повикано лице кое се движело покрај куќата и изјавило дека по патот трчала „млада девојка“ врескајќи дека „таткото ги убива сите“.

По пристигнувањето на полицијата, децата биле пронајдени мртви во дворот пред нивната куќа. Подоцна пред куќата била пронајдена жена (34) со прострелна рана на раката, но идентитетот на повредената не е соопштен, а локалните медиуми неофицијално јавуваат дека таа е мајката на убиените момчиња.

Замениците на шерифот го нашле Дорман како мирно седи надвор на скалите откако си ги убил децата. На снимката која ја снимила камерата на телото на полицаецот, се гледа дека тој не пружал отпор.

– Беше приведен без инцидент и сослушан – изјави главниот заменик Крис Стратон.

Градот Монро во округот Клермон има околу 7.500 жители според резултатите од последниот попис.

Се наоѓа на реката Охајо на околу 40 километри источно од Синсинати.


Инаку, само пет дена пред масакрот, Дорман на својот профил на социјалните мрежи објави фотографии со своите синови. Фотографиите покажуваат дека заедно биле на автомобилски трки и ништо не укажува на монструозен план.

Треба да знаете
Последни објави