Search

Муцунски: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ решаваат проблеми кои не ги решава централната власт, Аеродром инвестира во младите, во спортот, но и во капитални проекти за граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ  низ сите генерации докажала дека со проекти, со работа може да многу да се направи за Македонија. Во таа смисла сметам дека победата на локалните избори пред година и половина и влегувањето во локалната власт на енергична нова генерација на нашата политичка партија е главниот мотор за онаа клучна победа која доаѓа, а тоа е победата на следните парламентарни избори, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски на денешната трибина „33 години ВМРО-ДПМНЕ и Македонија”.

Муцунски истакна дека граѓаните знаат дека и покрај сите предизвици со кои се соочува не само државата и светот, влијаат и на локална власт од гледна точка на енергетска криза, финансиска и економска криза, сепак општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ продуцираат огромен број на проекти.

– Нема градоначалник кој во текот на една недела не промовира најмалку еден, а почесто два до три нови проекти во општините кои ги предводи ВМРО-ДПМНЕ. Доволно е да ги следите градоначалниците на другите политички партии, ќе видите дека немаат проекти.  Ние работиме фокусирано, решаваме проблеми кои не ги решава централната власт. Давам пример дека учениците оваа година не добија учебници, а некои ги добија последните 10 дена, очекувањето  дека и следната нема да има, но ние во Аеродром на сите четвртоодделенци кои влегуваат во фазата на дигитализација им обезбедуваме бесплатни таблети кои потоа остануваат во нивна сопственост, изјави Муцунски.

Тој додаде дека се инвестира во младите, во училиштата, Аеродром е прва општина која обезбеди бесплатно пливање за сите првачиња  и за сите дечиња со попреченост и низа други проекти.

– Нови спортски објекти, терени, инвестиции во спортски клубови.  Дополнителен приоритет се зелени површини, нови детски игралишта, паркови, отпочнавме капитален парк од 6000 метри квадратни наречен Радост, а СДС претходно на таа локација имаа предвидено згради. Реализираме улици, отворивме нова градинка со простор за 200 дечиња, планираме дополнителни инвестиции, реализација на проект „Смарт Аеродром”, нудиме решенија во повеќе области и тоа граѓаните го гледаат.  Граѓаните гледаат дека и покрај сите предизвици работиме мотивирано промените се чувствуваат на терен. Кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт на централно или на локално ниво, проектите се реализираат, нагласи Муцунски. 

Треба да знаете
Последни објави