Search

Литературно-музички настан „Читањето е супермоќ“

Во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје денеска ќе се одржи литературно-музичкиот настан „Читањето е супермоќ“.

Организаторот „Арс Ламина“ информира дека на литературно-музичкиот настан ќе бидат наградени победниците на литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во основните училишта во целата држава и на кој пристигнаа 150 литературни и 330 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение. 

На програмата на денешниот настан се изведби на ученици од неколку скопски основни училишта, како и ексклузивен настап на детскиот фестивал „Поточиња“.

За време на настанот познатата илустраторка на книги за деца Калиопи Трпчева, ќе нацрта дело инспирирано од оваа кампањата поттикнувајќи ги учениците да ги раскажуваат приказните и преку цртеж. 

Треба да знаете
Последни објави