Search

Косовското „бмв“ кое излета во Лепенец се судрило со „таурег“ кој претекнувал колона на патот Скопје-Блаце

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје е на лице место на тешка сообраќајна несреќа на патот Скопје – Приштина и презема дејствија за утврдување на причините.

„Според првичните информации, до несреќата дошло кога автомобил „фолксваген туран со македонски регистарски ознаки претекнувал колона автомобили. Во моментот кога стигнал паралелно до автомобил „БМВ“ со косовски регистарски таблички кој се движел во истата колона, двете возила се доближиле и странично се удриле, по што косовскиот автомобил со четворица патници излетал од патот и се превртел во реката Лепенец“, велат од Обвинителството.

Причините за сударот се уште се утврдуваат, а на лице место е присутен и сообраќаен вештак.

Еден од патниците во косовското возило е извлечен од водите и веднаш е префрлен во болница, додека по останатите потрагата во исклучително тешки услови е во тек.

Треба да знаете
Последни објави