Search

(Видео) Жестоки судири на полицијата со екологисти во Франција

Околу 3.000 активисти денеска, и покрај забраната, демонстрираа против изградбата на пругата Лион-Торино во Франција. Тврдат дека изградбата на пругата е „штетна“ за животната средина.

Магистралниот пат А43 за кратко време беше блокиран. Имаше судири со полицијата, која реагираше жестоко откако демонстрантите ги каменуваа.

Демонстрантите потоа избегале преку реката во близина борејќи се против водената струја, додека полицијата кон нив пукала со солзавец. По овој инцидент демонстрантите се вратиле во кампот во соседниот град Ла Шапел, оставајќи зад себе импровизирани барикади во пламен.

Проектот е започнат пред триесет години, а целта е да се олесни камионскиот сообраќај со изградба на 270 километри нова пруга. Железницата веќе почна да се гради, а до конфликтот дојде поради пробивање на тунел со два крака долги дури 57,5 ​​километри под Алпите.

Екологистите протестираат сметајќи дека огромните количества почва изнесени поради пробивањето на тунелот ќе го нарушат локалниот биодиверзитет, како и дека ќе бидат загрозени природните резервоари за вода, кои изнесуваат од 60 до 125 милиони кубни метри вода.

Стравуваат и дека милиони тони смет во правец на новата пруга ќе ја загрозат и природата. Посочуваат дека меѓу Дижон и Торино веќе постои пруга.

Поборниците на новата пруга, пак, посочуваат дека претходната единствена пруга била изградена во времето на Наполеон III, дека не одговара на денешните услови и дека на овој начин сообраќајот би се намалил за дури милион камиони, како и дека во природата би се испуштиле милион тони кубни метри јаглерод диоксид помалку од она што во просек го произведува град со 300.000 жители.

Исто така, на овој начин двата града би ги поврзала новата пруга за час и 47 минути, за разлика од сегашните 3,47.

Треба да знаете
Последни објави