Search

Бајден: Нема да го олеснам пристапот на Украина во НАТО

Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека Украина мора да ги исполни сите услови, како и другите земји, за да стане членка на НАТО.

Запрашан дали е за олеснување на пристапот на Украина до Алијансата, Бајден одговори: „Не“.

„Украина не може да биде фаворизирана и мора да ги почитува сите критериуми. Значи, нема да ѝ го олесниме патот“, рече тој.

Бајден зборуваше за Украина и НАТО пред самитот на Алијансата во Вилнус што ќе се одржи на 11-12 јули.

Украина нема да биде поканета во Алијансата на тој самит, изјави претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Сепак, тој нагласи дека Украина ќе стане членка на НАТО кога за тоа ќе дојде време. Поканата за земјата е првиот чекор во пристапниот процес.

Треба да знаете
Последни објави