Search

Поплавени улици во Куманово, можно излевање на Пчиња

 Невреме со пороен дожд и силен ветер попладнево го зафати Куманово и Кумановско. Улиците во централното подрајче беа поплавени,  бидејќи шахтите не ја апсорбираа големата количина на вода, а силниот ветер откорна и неколку дрвја.

– Екипите на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ интервенираа на повеќе локации, ги чистат јавно прометните површини и ги санираат последиците, информираше градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски.

Центарот за управување со кризи информира дека од Управата за хидрометеоролошки работи е забележан зголемен водостој на реката Пчиња во село Пелинце.

– Предупредуваме за можни локални излевања во горниот дел од сливот на река Пчиња, а истовремено заради зголемен доток можно е водата да создава поголем притисок врз дел од некои мостовски конструкции, стои во соопштението од ЦУК.

Треба да знаете
Последни објави