Search

Ибра со емотивно писмо се прости од фудбалот: Започна со сон кој невозможното го претвори во возможно

Две недели по официјалното пензионирање на последниот меч на Милан во Серија А против Верона на „Сан Сиро“, Златан Ибрахимовиќ вечерва со емотивно писмо се прости од фудбалот.

Во редови во кои го наведува својот пат и му се заблагодарува на својот починат менаџер Мино Рајола – потенцирајќи дека целата приказна почнала како сон.

„Почна како сон, кој невозможното го претвори во возможно. Роден сум во Малме, пораснав во Амстердам. Во Торино станав помудар, а во Барселона лав. Дипломирав во Милано и добив нови перспективи во Париз. Стекнав издржливост во Манчестер и се забавував во Лос Анџелес, а потоа конечно пронајдов мир во својата нова татковина – Милано. Јас сум создаден од тебе, а наследството што се надевам дека ќе го оставам зад себе се сите нови Златани кои ги направив. Сите оние кои имаат лавовско срце. Сите оние кои имаат оган во очите. Сите оние кои вистински разбираат дека ништо не е невозможно. Ти благодарам за се. Мино, успеавме, возењето заврши. Тоа беше неверојатно патување. Ќе ми недостигаш“, напиша Златан.

Популарниот Ибра во кариерата освои 12 шампионски титули (две со Ајакс, три со Интер, една со Барса, две со Милан и четири со Манчестер Јунајтед), во 2013 го постигна најубавиот гол на годината, додека со Барселона го освои УЕФА Суперкупот и ФИФА Светското клупско првенство, а во 2017 и Лига Европа со Јунајтед.

Започна со сон, сон кој невозможното го претвори во возможно

Треба да знаете
Последни објави