Search

„Се радувам на продолжението на нашата заедничка работа за доброто на народите на Русија и Кина“: Путин му го честиташе роденденот на Џјинпинг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му го честиташе 70-тиот роденден на кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

Во својата честитка, Путин ги пофали напорите на кинескиот лидер за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу Москва и Пекинг, објави веб-страницата на Кремљ.

„Тешко е да се преценат напорите што ги правите со години за зајакнување на сеопфатното партнерство и стратешката соработка меѓу нашите земји. Со нетрпение го очекувам продолжувањето на нашиот конструктивен дијалог и блиската заедничка работа на актуелните прашања од билатералната, регионалната и меѓународната агенда за доброто на народот на Русија и Кина – напиша Путин во честитката.

Треба да знаете
Последни објави