Search

Руските сили тврдат дека собориле девет беспилотни летала над Крим: искршени прозорци на неколку куќи

Руското воено воздухопловство собори девет беспилотни летала во текот на ноќта и утринава на Крим, а едно од нив експлодира во селото Докучаево и нема повредени, а искршени се прозорците на неколку куќи, изјави денеска лидерот на Крим, Сергеј Аксјонов.

Аксјонов на Телеграм напиша дека се искршени прозорците на неколку куќи. Селото Докучаево се наоѓа на околу 40 километри од главниот град на Крим, Симферопол.

Претходниот масовен напад со беспилотни летала на Крим се случи ноќта на 4 јуни, кога беа соборени девет дронови, пренесе ТАСС.

Треба да знаете
Последни објави