Search

„Рамо до рамо до победа” во Крива Паланка и Куманово: Да одиме кон интеграција во ЕУ, наместо да се враќаме во изолација

Караванот на СДСМ по мотото „Рамо до рамо до победа”денеска продолжи во општина Крива Паланка, каде средби со граѓаните имаа Љупчо Николовски и Богданка Кузеска, и во Куманово каде со граѓаните разговараа Никица Бачовски и Мухамет Точи.

-Нашата држава, нашиот народ имаат историска шанса за продолжување на процесот на интеграција во Европската унија. Таа шанса сега треба да ја искористиме. Германија денеска испраќа уште една силна порака, нашиот македонски јазик и идентитет се обезбедени. Знам дека народот му е јасно што значи членството, подобар стандард, повисоки плати, нови фондови, засилен економски раст и развој. Членство во ЕУ пристап до пазар од речиси 500 милиони жители, за нашите компании, но и за нашите земјоделски производи. Затоа потребна ни е одлука сега, конечно да го оствариме сонот на многу македонски генерации и да успееме, истакна членот на ЦО на СДСМ Љубчо Николовски, додавајќи дека добро е што ДПМНЕ нема ништо против  уставните измени.

После една година ова е значајна промена. Дојдени сме до една точка од којашто треба да се продолжи понатаму да се разговара и да не се навраќаме наназад. Да одиме кон интеграција во ЕУ, наместо кон изолација. Рамо до рамо во интерес на граѓаните и идината на државата, заедно да најдеме решние, порача Николовски.

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска истакна дека граѓаните и државата немаат повеќе време за губење.

Клучно е дијалогот да продолжи, преку разговор да се најде соодветен модел за уставни измени којшто ќе биде во рамки на преговарачката рамка. Јасно е дека се потопени сите лаги и хистерии на ДПМНЕ за бугаризација и асимилација, македонскиот јазик и идентитет во Европската унија се заштитени, се очекува уште една силна потврда денеска да пристигне со усвојување на Резолуција во германскиот Бундестаг, рече Кузеска.

Рамо до рамо го граѓаните на Куманово беа Никица Бачовски и Мухамет Точи, кои се осврнаа, пред се на политиките на СДСМ во земјоделскиот сектор, кои даваат очигледни резултати за земјоделците и го унапредуваат и модернизираат земјоделството.

Над 60 милиони евра субвенции се исплатени за само два месеци за 78.000 земјоделци во државата, а оваа година за прв пат започнуваме со авансна исплата на субвенциите, рече Бачовски.

Треба да знаете
Последни објави