Search

Почина двократната оскаровка Гленда Џексон

Двократната оскаровка, наградувана актерка и поранешна пратеничка од Лабуристичката партија Гленда Џексон по кратко боледување, почина на 87-годишна возраст, соопшти денеска нејзиниот портпарол.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Ѕвездата на филмот „Women in Love“, која се откажа од својата актерска кариера во 1992 година за да служи во Парламентот повеќе од 20 години, почина по кратко боледување во нејзиниот дом во Блекхит, југоисточен Лондон.

По напуштањето на пратеничката функција во 2015 година, таа триумфално се врати на ТВ екраните во продукцијата „Elizabeth Is Missing“ од 2019 година, во која глумеше постара жена која боледува од ран стадиум на деменција.

Нејзиниот агент, Лајонел Ларнер, изјави: „Гленда Џексон, актерка, политичарка и двократната добитничка на Оскар, почина мирно во својот дом во Блекхит, Лондон, утринава по кратко боледување, со семејството покрај неа. Таа неодамна го заврши снимањето на филмот „The great escaper“, во кој глумеше со Мајкл Кејн“.

И покрај нејзината успешна кариера, која покрај два Оскари, вклучуваше и две Еми награди и повеќе филмски награди како БАФТА и Тони, Гленда Џексон претходно изјави дека никогаш не била заинтересирана за социјалните и гламурозните аспекти на индустријата.
Двократната оскаровка пред повеќе од четврт век се откажа од актерството поради политика и беше пратеник на Лабуристите 23 години.

Во 1992 година, таа беше избрана за пратеник на Лабуристите за Хемпстед и Хајгејт и беше помлада министерка за транспорт од 1997 до 1999 година, за време на владата на Сер Тони Блер.

Треба да знаете
Последни објави