Search

Пицула: На Црна Гора не и треба „бугарско сценарио“

На изборите на 11 јуни гласачите во Црна Гора го кажаа својот збор, а сега на политичарите им останува да ги исполнат нивните очекувања, велат пратениците од Европскиот парламент, кои очекуваат формирање на парламентот и нагласуваат дека на официјална Подгорица не и треба „бугарско сценарио“.

– Врз основа на овие резултати очекуваме да се формира парламент и врз основа на тоа влада, која треба да го надополни двегодишното доцнење на сето она што беше ветено и најавено во партнерството со Брисел, рече хрватскиот парламентарец Тонино Пицула кој е известител на Европскиот парламент за Црна Гора.

Тој вели и дека не би сакал во Црна Гора да почне да се случува „бугарското сценарио да се оди на избори на секои шест месеци“.

– Тоа е генерациска смена за Црна Гора, најважна промена кога станува збор за партиската сцена во земјата. Важно е Црна Гора да ја спроведе на граѓански и демократски начин, бидејќи цела генерација политичари замина, а нов сет лидери и партии се појавија на политичката сцена и ќе набљудуваме како Црна Гора ќе се справи со таа ситуација, изјави Владимир Билчик, копретседател на Одборот за стабилизација и асоцијација на Европскиот парламент со Црна Гора.

Билчик наведува дека стабилност не значи само 41 пратеник туку многу поголема поддршка.

Треба да знаете
Последни објави