Search

МНР: Дел од сценографијата на Преспа форумот падна од силниот ветер, панелот продолжи со предвидената агенда

Кусиот прекин на отворањето на Преспа форумот за дијалог се случи поради невремето и силниот ветер кој го оштети панелот од сценографијата, што резултираше со прекин на активностите, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

-Инцидентот не предизвика никакви последици, и по куса пауза, панелот продолжи  со предвидената агенда. Информираме дека Форумот продолжува и утре, со предвидената динамика, утре следат клучните панели на кои очекуваме плодни дискусии и важни пораки. Министерството за надворешни работи ја користи оваа прилика да им се извини на сите оние кои го следат форумот, овде во Струга, или преку интернет стрим, соопшти МНР. 

Треба да знаете
Последни објави