Search

Ковачки: Косово од регионот, Гана и Руанда на светско ниво се пред Македонија на листата за  перцепција на корупцијата

Кога зборуваме за корупцијата мора да се има во предвид дека таа е рак раната во македонското општество и дека поради неа се разјадува правниот поредок, поради неа се разјадува дури и уставниот поредок. Се губат линиите помеѓу законодавната, помеѓу извршната и помеѓу судската власт, односно таа е причината за бесперспективноста на младите и на генерациите кои доаѓаат и затоа луѓето се иселуваат, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки од трибината во Гевгелија насловна „Борба против корупцијата и криминалот” од акцијата „Ова е Македонија за сите”.

Тој додаде дека кога зборуваме за корупција сака да направи споредба со регионот за да најдобро се разбери на кое ниво Македонија како држава е стигната, правејќи споредба со Косово, која воедно е најмлада држава во Европа која што не ниту членка на НАТО и е далеку од почеток на евроинтеграцискиот процес, која што за наша жал, се наоѓа пред нас на листата за перцепција за корупцијата.

„Во делот кога се споредува Македонија со државите од истокот, можам да кажам дека сме послаби дури и од Источен Тимор и од Виетнам. И нај трагично, третата споредба, ние сме послаби како држава, дури и од африканските земји. Тука пред се мислам на Гана, Руанда, на Буркина Фасо, значи едно чудо држави се пред нас на тоа поле. За жал, нашата држава која што е членка на НАТО и претендент за почеток на преговорите со Европската Унија, е далеку од борбата со корупцијата”, рече Ковачки.

Тој додаде дека во нашиот систем имаме едно тело народски познато како Антикорупциска комисија, која што е единствена светла точка во борбата со корупцијата и тоа го признаваат и нашите европски пријатели во извештајот на Европската комисија.

„Меѓутоа, ајде да погледнеме за каква реализација, односно за каква ефикасност на таа антикорупциска комисија станува збор. Во 2021 година имаме реализација на стратегија на борбата со корупција од 20%. Тоа се поразителни 20% реализација на мерките за борбата со корупцијата, 111 активности предвидени за таа година, реализирани само 22″, потенцираше Ковачки.

Треба да знаете
Последни објави