Search

Клековски: Чекорот на Бундестагот во Германија е за поздравување, на ред е Бугарија да примени дел од пресудите на ЕСЧП во Стразбур

Во вечерашното гостување во дебатната емисија „Анализа 24″ на Телевизија 24 гостуваше членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Клековски. Тој истакна дека потребни ни се реформи внатре во државата, а не реформи за да станеме членка на Европска Унија.

„Чекорот на Бундестагот во Германија е за поздравување и е чекор во исправна насока. Меѓутоа првата ограда е дека во резолуцијата се вели дека го признаваат македонскиот јазик, култура и идентитет, морам да кажам дека и Бугарија го признава тоа но вели дека до 1944 тој јазик бил бугарски”, кажа Клековски.

Тој вели дека покрај големата поддршка од Германија, и претпоставувам од САД ни е потребно да видиме мал чекор на добра волја од Бугарија.

„Ние не бараме да има измена на бугарскиот Устав за реципроцитет како што бараат одредени партии туку ние бараме мал израз на добра волја а тоа е прифаќање на неколку од пресудите на меѓународниот суд за човекови права во Стразбур и да покаже дека Бугарија е спремна да малку ја смени климата во државата”, изјави Клековски.

Тој додаде дека досега имаме негативно искуство со ветувањата.

„Доаѓаа тука не убедуваа, кажуваа бесплатно здравство во ЕУ, домашното се распаѓа итн. Следно големо разочарување ќе остави многу малку надеж да луѓето останат тука и ја сакаат оваа држава”, посочи Клековски.

Треба да знаете
Последни објави