Вучиќ: Деца се спремни да умрат, преку глава им е од Курти-тоа мора да го спречиме

Ниту една ноќ не можам да спијам затоа што знам што се случува ноќе на северот на Косово, буквално се врие, децата од 12, 13 и 14 години се подготвени да умрат, а тоа мораме да го спречиме, преку глава им е со Албин Курти и сите можни лаги, рече српскиот претседател Александар Вучиќ денеска е во Белград.

-И лично да кажам, не можам повеќе физички да издржам, не можам да спијам навечер, бидејќи знам што се случува ноќе на северот на Косово, буквално врие. Децата од 12, 13 и 14 години се спремни да умрат, доста им е од Курти. Тоа мора да го спречиме! Доста им е од Курти, доста им е од секакви лаги. Ноќеска кога доаѓаше полиција, некаде кај Лепосавиќ, бркаа коли деца од 12-13 години… Никој веќе нема да ги трпи, ниту нив ниту нивниот терор. Едноставно некој мора да види и да разбере. И сега ќе речат – нема да добиете леб од Рашка? Што ќе јадат? 80 отсто од лебот го добиваат од Рашка. За нас е ужасно тешка ситуација, се трудиме да го зачуваме мирот, но си имаме работа со луѓе кои не сакаат мир , рече Вучиќ.

Зборувајќи за апсењето на тројца гранични полицајци, припадници на косовската полиција, кое се случи во средата, а за кои Приштина тврди дека биле киднапирани од територијата на Косово, Вучиќ рече дека и самиот косовски премиер Албин Курти признал дека уапсените ги прекршиле сите норми на Меѓународен закон.

– И да претпоставиме дека Курти ја кажал вистината, а знаеме дека зборуваме за човек кој не ја сака вистината, тој самиот призна дека ги прекршил сите норми на меѓународното право. Тој рече дека тие биле на 300 метри во внатрешноста на територијата на административната линија. Тие немаат право воопшто да бидат таму според Воено-техничкиот договор што го потпишавме. Кога ќе дојдат на еден километар, мора да се пријават во Кфор 36 часа однапред. А што правеа со пушки таму? Да ви кажам што ни кажуваат тие што се фатени? „ГПС-от не ми работи, не знам, барав печурки…“ Самиот признавте дека сте го прекршиле договорот, само што не го знаете, затоа што не ги читате документите, затоа што не ве интересираат, рече Вучиќ.

„За нас е ужасно тешка ситуација, се трудиме да го зачуваме мирот речиси по секоја цена, но имаме работа со луѓе кои не сакаат мир по секоја цена. Мора да се бориме и да веруваме во здрав разум. Се надевам дека Европската унија и САД ќе имаат доволно сила да расудуваат со оние кои се однесуваат нерационално“, рече Вучиќ.

Вучиќ рече дека „нему му е одвратно да се оправдува за глупости“ бидејќи при тоа апсење „никој не бил претепан и ништо не се случило“.

Тој оцени дека тоа е „рутинска работа“ на српските органи и посочи дека досега не се случило припадниците на вооружените сили на Србија или на српската полиција да ја преминат административната линија „бидејќи имаат директна наредба за тоа“.

Треба да знаете
Последни објави