ВМРО-ДПМНЕ: Вечниот дезертер Ковачевски бега од одговор кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа?

Димитар Ковачевски освен што дезертирал од служење војска, дезертираше и од избори, а сега дезертира и од одговор на прашањето, кој од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ прифаќа?

Ковачевски дезертира од носење на важни одлуки за Македонија.

Само Македонија може да има премиер како Ковачевски и влада како СДС кои не сакаат гаранции за заштита на националниот иднетитет и јазик.

Ковачевски мора да се охрабри и да каже кој од двата предлози на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Мицкоски прифаќа, дали е за преодна влада без ДУИ и измени кои ќе стапат во сила со завршување на преговорите и членство на државата во ЕУ или прифаќа избори, гаранции за заштита на националниот идентите и јазик, економски пакет и заштита на Македонците во Бугарија преку спроведување на на пресудите од Европскипт суд за човекови права во Стрзбур и влада без ДУИ подржана од опозицијата?

Ковачевски да не прави калкулации и да не тактизира, бидејќи ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема уставни измени под бугарски диктат.

Го повикуваме Ковачевски да одговори пред цела јавност.

Треба да знаете
Последни објави