Search

Прифатена кауцијата за До Квон, но тој и натаму останува во притвор во Црна Гора

Високиот суд ја потврди одлуката за прифаќање кауција во износ од 800.000 евра која за слобода ја понудија јужнокорејските државјани До Квон и Хон Чанд Јун, но и покрај ваквата одлука тие ќе останат зад решетки во Истражниот затвор во Спуж.

До Квон е во центарот на аферата околу наводното финансирање на Движењето „Европа сега“ (ПЕС) и неговиот лидер Милојко Спајиќ, кој освои најмногу мандати на парламентарните избори во неделата и од чиј исход би можело да зависи формирањето на владата.

Високиот суд на Корејците им одреди екстрадициски притвор на шест месеци на барање на Јужна Кореја, која ги бара во врска со измама од 40 милијарди долари.

Високиот суд прифати кауција за да се бранат од слобода од обвиненијата за фалсификување документи.

Меѓутоа, бидејќи и против нив се води постапка за екстрадиција врз основа на барањето на Јужна Кореја да ги екстрадира во таа земја, судот им одреди екстрадициски притвор.

До Квон е осомничен за проневера на десетици милијарди долари преку тргување со криптовалути. До Квон беше уапсен на 23 март на аеродромот во Подгорица, додека се обидувал да ја напушти земјата со лет за Дубаи.

Тој беше уапсен по потерница од Јужна Кореја, а баран е и од САД и Сингапур. Тој е во затвор кај Подгорица, а за утре, 16 јуни е закажано продолжението на судењето. 

Треба да знаете
Последни објави