Search

Петровска во Брисел на средби со германскиот министер за одбрана Писториус и канадската министерка Ананд

Во рамки на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана, во седиштето на НАТО министерката за одбрана Славјанка Петровска имаше и две засебни билатерални средби со федералниот министер за одбрана на Сојузна Република Германија Борис Писториус и министерката за национална одбрана на Канада, Анита Ананд.

На средбата со германскиот колега, Петровска изрази задоволство од силниот интензитет на одбранбена соработка и нагласи дека таквата соработка е особена значајна во моментот кога европскиот континент се соочува со голем број на предизвици.

На политичко ниво, Петровска истакна дека државен приоритет број еден е евроинтеграцијата на државата и се заблагодари за континуираната германска поддршка за членство на Северна Македонија во Европската унија.

На средбата со канадската министерка за одбрана,  Ананд, стана збор за заедничкиот придонес на Северна Македонија и на Канада кон зацврстувањето на безбедноста на Алијансата, имајќи предвид дека припадници на Армијата се дел од мултинационалните сили на НАТО во Латвија, кои се под канадска команда. Министерките заклучија дека двете земји остануваат посветени на интензивирањето и развојот на одбранбената соработка во духот на сојузништвото.

Треба да знаете
Последни објави