Search

Тројца повредени во судир на трактор и товарно возило на патот Крушево – Прилеп

Вчера во 21.08 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на регионалниот пат Крушево – Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „нисан“ со крушевски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(51) од Крушево и трактор без регистарски ознаки управуван од А.А.(41) од с.Алданци, крушевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „нисан“, М.Н.(35) од Крушево, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и М.Ј.(38) од с.Норово, сопатник во тракторот, констатирани во болницата во Прилеп.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Крушево.

Треба да знаете
Последни објави