Search

„Рамо до рамо до победа“ во Струмица и Маврово и Ростуше: Дијалогот да продолжи преку компромис да ја обезбедиме европската иднина

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа” денеска пратеничката на СДСМ Даниела Колева беше меѓу граѓаните на општина Струмица.

– Процесот на дијалог донесе резултата, дојдовме до точка каде што Христијан Мицкоски ги прифаќа уставните измени и учество во широка Влада. Тоа значи дека и самиот рој потврдува дека овој парламентарен состав има мандат да донесе уставни измени. ДПМНЕ треба да остане на последниот став, затоа што сега е важно дијалогот да продолжи. Заеднички да ја споделиме одговорноста и да ја обезбедиме европската иднина на државата” посочи Колева.

Колева истакна дека општина Струмица и работата на градоначалникот Костадин Костадинов се вистински приказ за разликата помеѓу чесниот, посветен и одговорен однос на СДСМ кон општините и граѓаните и неспособноста и неработењето на градоначалниците од ДПМНЕ од друга страна.

Во општина Маврово и Ростуше беа пратеничките Белкиса Зеќири, Бети Рабаџиевска и Марија Кочовска кои пред присутните порачаа дека сега не е време за лични и партиски рејтинзи, туку за компромис со кој ќе се реализира уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

Треба да знаете
Последни објави