Search

Прерано е да се врати ДДВ-то за струјата од 10 на 18 проценти, смета Бислимоски

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски смета дека е прерано ДДВ-то за струјата на домаќинствата да се врати од 10 на 18 проценти. 

Како што рече вечерва Бислимоски, ДДВ-то од 10 отсто треба да остане барем до крајот на годината, па дури потоа да се разгледуваат можностите за негово враќање.  

Во гостување на „Топ тема“, претседателот на РКЕ информира дека е побарано од Електродистрибуција во наредните година – две сите броила во државата да бидат „смарт“, за да престане тензијата кај потршувачите.

Треба да знаете
Последни објави