Search

Пендаровски ја пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар која е во официјална посета на државата.

Словенечката претседателка Пирц Мусар е пречекана со највисоки државни и воени почести за време на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот.

Претседателите Пендаровски и Пирц Мусар ќе имаат тет-а-тет средба а ќе се одржи и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

Исто така, за време на официјалната посета, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија. 

Треба да знаете
Последни објави