Search

Започна официјалната посета на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја пречека претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски и претседателката Пирц Мусар одржаа тет-а-тет средба, по што следуваше пленарен состанок на двете делегации.

Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи меѓу Северна Македонија и Словенија и можностите за нивно унапредување, европската перспектива на нашата држава, како и состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина.

По завршувањето на пленарниот состанок на делегациите, предвидено е претседателот Пендаровски и претседателката Пирц Мусар да одржат заедничка прес-конференција.

Треба да знаете
Последни објави