Средба на претседателот Пендаровски со почесниот конзул Зоран Ќосески

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Северна Македонија во Австралија. 

На средбата се разговараше за македонско-австралиските релации кои се карактеризираат со позитивна динамика од нивното воспоставување и добри релации кои се развиваат преку соработката на нашите институции и македонската заедница која е присутна во Австралија повеќе децении. 

Почесниот конзул Ќосески го информираше претседателот Пендаровски за неговите активности како почесен конзул и долгогодишен активист за поголема видливост на македонската заедница во Австралија и можностите за отворање на нови полиња на соработка меѓу двете држави и народи. 

Претседателот Пендаровски ја реафирмираше подготвеноста на нашата држава за динамизирање на билатералниот политички дијалог со Австралија, како и интензивирање на нашите контакти во рамките на мултилатералните организации, а посочи и на интересот за интензивирање на економската соработка и унапредување на трговската размена.

Треба да знаете
Последни објави