Search

Уапсен возачот на автобусот кој учествуваше во несреќата во која загинаа десет лица во Австралија

Најмалку 10 лица загинале, а 25 други се во болница откако автобус за венчавки се превртел во австралиски вински регион. Патниците синоќа се враќале од свадба во винарија во Хантер Вали, популарно место за винските туристи. Полицијата го обвинила 58-годишниот возач на автобус за 10 точки од обвинението за опасно возење кое резултирало со смрт, пренесува „Би-Би-Си“.

Против возачот на автобусот што се преврте во сообраќајна несреќа во кружен тек во Австралија денеска е поднесено обвинение.

„Ројтерс“ претходно објави дека возачот на автобусот бил однесен во болница под полициска придружба за да биде подложен на задолжително тестирање и евалуација на дрога.

Автобусот превезувал 35 патници од свадба во руралното подрачје Хантер кога се превртел настрана на кружен тек, при што загинале најмалку 10 гости на свадбата, а другите биле повредени.

Австралискиот премиер Ентони Албанес изрази најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите и повредените.

„Сите ја знаеме радоста од одењето на свадба. Да заврши еден ваков радосен ден со толку страшни загуби и повреди е толку сурово, тажно и неправедно“, рече Албанезе.

Агенцијата наведува дека ова била најтешката сообраќајна несреќа во Австралија во последните 30 години.

Треба да знаете
Последни објави