Search

Суарез најавува крај на кариерата во ист клуб со Меси и Нејмар

 Поранешниот напаѓач на шпанскиот фудбалски гигант Барселона, Луис Суарез, откри дека се согласил да ја заврши кариерата со поранешните соиграчи Лионел Меси и Нејмар.

– За ова се договоривме и со Нејмар. Се надеваме дека последните денови од кариерата ќе ги поминеме во еден клуб. Чисто уживајќи во радоста на фудбалот и играјќи фудбал онака како што сакаме. Не знам за Нејмар, но јас и Меси дефинитивно ќе бидеме заедно, изјави Суарез за „Albiceleste Talk“.

Сепак, 36-годишниот Уругваец ја отфрли опцијата да се пресели во Интер Мајами, бидејќи сега е задоволен од се во Гремио.

На 7 јуни Меси објави дека од ПСЖ се сели во Интер Мајами.

Треба да знаете
Последни објави