Се активираше вулканот на Филипините, илјадници луѓе без засолниште

Најактивниот вулкан на Филипините денеска стана активен, исфрлајќи мали количини лава по падините на вулканската планина Мајон.

Десетици илјади луѓе се во подготвеност да ја напуштат опасната зона во случај на голема ерупција.

Откако вулканската активност се интензивираше минатата недела, повеќе од 12.600 луѓе избегаа од главно сиромашните земјоделски заедници на 6 километри од кратерот на Мајон.

Сепак, илјадници луѓе остануваат во опасната зона во подножјето на Мајон бидејќи немаат каде да одат и да се извлечат од потенцијалната поголема опасност, пренесуваат медиумите.

Треба да знаете
Последни објави