САД одлучија да се вратат во УНЕСКО, шест години по напуштањето на организацијата

САД го известија УНЕСКО дека одлучиле да се вратат во организацијата, шест години откако администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп го повлече членството на САД, изјави портпарол на Стејт департментот за порталот „Аксиос“.

Враќањето во УНЕСКО е една од целите на администрацијата на претседателот Џозеф Бајден, во обид да се спротивстави на, како што смета, растечкото влијание на кинеската влада на агендата на агенцијата во Обединетите нации, пишува порталот.

Откако палестинските власти станаа полноправна членка на УНЕСКО во 2011 година, администрацијата на Барак Обама престана да ја финансира организацијата бидејќи тоа беше забрането со американски закон. 

Треба да знаете
Последни објави