Search

Премиерот Ковачевски во посета на Богданци и Демир Капија

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова, денеска ќе ја посети Општина Богданци. 

Како што информираат од владината Прес-служба, предвидено Ковачевски и Шукова да извршат увид на почеток на проект за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци.

По престојот во Бограднци, премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски поладнево ќе извршат увид на обнова на пат во Демиркапискиот регион.

Треба да знаете
Последни објави