Петковиќ: Екстремистичката политика на Курти ги охрабрува екстремистите да ги напаѓаат Србите

Директорот на Канцеларијата за Косово, Петар Петковиќ, денеска изјави дека пермиерот, Албин Курти, ги довел до работ на конфликт, дека сака да го запали целиот регион и дека со својата екстремистичка политика, тој ги поттикнува екстремистите да ги нападнат Србите.

Тој за телевизијата „Пинк“ изјави дека српскиот народ страда на северот на Косово, но и на југот на покраината.

„Сите негови постапки во последните неколку месеци, тој направи се за да предизвика реакција кај Србите и да го натера нашиот народ да се брани, сакаше да го вовлече српскиот народ и Белград во конфликт и на тој начин да го избегне формирањето на ЗСО“, рече. Петковиќ.

Додаде и дека нема кој не го осудил Курти, дека Американците се најгласни во тоа, а дури и францускиот претседател Емануел Макрон рекол дека Курти е одговорен за сите настани на северот.

„Се што направи Курти, со носењето специјалци, нивното незаконско присуство на мостот Бистрица, малтретирањето на граѓаните, забраната за референдуми и избори и срамниот изборен процес на 23 април, тој сега назначува албански градоначалници кои добија 500 гласа тоа е скандал. И покрај сето ова меѓународната заедница наместо да го задржи, ги поддржува изборите. Еве Хетеми не излезе од општинската зграда, не смее да ѕирка низ прозор, па каков градоначалник е тој, кого го застапува“, рече Петковиќ.

Треба да знаете
Последни објави