Search

Лукашенко за соработката со Путин: Ќе продолжиме да ги продлабочуваме односите со Москва

Односите меѓу Минск и Москва ќе продолжат постепено да се прошируваат и продлабочуваат, изјави денеска претседателот на Белорусија Александар Лукашенко.

Шефот на белоруската држава му го честиташе Денот на Русија на рускиот претседател Владимир Путин, соопшти прес-службата на белорускиот лидер.

„Денес Руската Федерација цврсто ги брани своите национални интереси, создава услови за суверен развој и постојано ги зајакнува своите позиции на меѓународната сцена. Убеден сум дека односите меѓу Минск и Москва, запечатени со вековни врски на пријателство и братство, ќе продолжат да се прошируваат и продлабочуваат со нашите заеднички напори“, вели белорускиот лидер, пренесува РИА Новости.

Треба да знаете
Последни објави