Search

Евакуиран суд пред сослушување на осомничениот за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинѕо Абе

Јапонски суд беше евакуиран денеска откако беше пронајден сомнителен предмет пред сослушувањето на човекот обвинет за убиството на поранешниот премиер Шинѕо Абе, јавиоја локалните медиуми.

Тецуја Јамагами требаше да се појави во Окружниот суд Нара на неговото прво предистражно сослушување за атентатот врз Абе што го шокираше светот во јули минатата година.

Но, локацијата беше евакуирана откако на судот му беше доставена „неидентификувана торба“, јави државната телевизија како и други јапонски медиуми.

Јамагами (42) се соочува со обвиненија за убиство и кршење на законите за контрола на оружјето, а доколку биде осуден може да се соочи со смртна казна. Тој, наводно, го таргетирал Абе поради врските на поранешниот лидер со Црквата на обединување, глобална секта.

Се верува дека Јамагами и се замерил на црквата поради големите донации што мајка му ги направила со кои неговото семејство банкротирало. 

Треба да знаете
Последни објави