Search

Доделување на наградите за најдобар успех и „26 Јули“ на студенти од УКИМ

Во Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе бидат доделени награди на најдобро дипломираните студенти во учебната 2021/2022 година.

Воедно ќе биде врачена и наградата „26 Јули“ за учебната 2021/2022 година, што ја доделува Фондацијата „Франк Манинг“ од Велика Британија на редовни студенти од завршниот семестар во прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8.00. 

Студентите добитници на наградата „26 Јули“ се од Архитектонскиот, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Филозофскиот, Економскиот, Правниот факултет „Јустинијан Први“ и од Факултетот за драмски уметности. 

Треба да знаете
Последни објави