Search

ЈП Паркови и зеленило ги отстранува сувите дрвја во Градски парк

Сooпштение од ЈП Паркови и зеленило

Деновиве екипите од Секторот дрвореди  вршат акција на отстранување и кастрење на сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк. Дрвјата кои се отстрануваат се целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на паркот.

Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација.

Акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Треба да знаете
Последни објави