Search

Мицкоски: Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што лажат, ќе славеа и ќе ставеа точка на дневен ред во Собранието за уставни измени, наместо  ова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членството дека ја губат власта

„Тргнете ги на страна оние еуфорични соопштенија на СДС, оние вештачкигушкања на темата уставни измени и изнасилени радости на партијата навласт која панично ја шират лагата дека ВМРО-ДПМН наводно им гиприфатила уставните измени кои се последица на бугарскиот диктат.Сосема свесно ги оставив да го дуваат балонот, затоа што веднаш задаголот се гледа дека ја промашија работата и како меур од сапунуца имсе распрсна оваа лага”, изјави Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната трибина во Охрид насловена „Политики за силна култура и развиен туризам”.
Тој додаде дека ако навистина ВМРО-ДПМНЕ ги прифатела уставните измени тогаш власта ќе славела.
„Ако навистина им ги прифативме тие уставни измени како што сега тврдатво средата ќе отвореа шампанско и ќе славеа, а во четвртокот ќе ставеаточка на дневен ред во Собранието за уставни измени. И наместо сетоова тие денес држат состанок за тоа како да му кажат на членствотодека ја губат власта”, дециден е Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека сосема видливо е дека немаат мнозинство за уставни измени кои ги туркаат под бугарски диктат и дека цела година лажеа дека ќе обезбедат пратеници, па кодошеа по светот и пред амбасадори каде ги молеа да превземат чекори и направат притисок, но се им падна во вода.

Треба да знаете
Последни објави