Search

Османи на министерскиот состанок на Глобалната коалиција за борба против ИСИС

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денес, ќе учествува на министерскиот состанок на Глобалната коалиција против ДАЕШ/ИСИС во Ријад, Саудиска Арабија, во организација на државниот секретар на САД, Антони Блинкен и министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија Фаисал бин Фархан Ал-Сауд.

Министрите од земјите членки на Глобалната коалиција ќе  дискутираат за ДАЕШ/ИСИС во Ирак и Сирија, Африка, централна Азија и Авганистан, и како работните групи на Коалицијата се справуваат со овие закани.

На овогодишниот министерски состанок на Глобалната коалиција за борба против Даеш/ ИСИС ќе учествуваат  претставници од вкупните 86 земји од сите пет континенти што се дел од Коалицијата.

Треба да знаете
Последни објави