Search

Романо: Асенсио ќе одлета за Париз за да потпише договор со ПСЖ

 Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Марко Асенсио наскоро ќе потпише договор со Пари Сен-Жермен.

Новинарот и одличен познавач на европскиот фудбал, Фабрицио Романо, објави дека 27-годишниот Шпанец денеска ќе пристигне во Париз каде ќе потпише договор со ПСЖ.

Реал Мадрид минатата недела најави заминување на Асенсио. Договорот на играчот од средниот ред со „Кралевите“ истекува на лето.

Оваа сезона, Асенсио одигра 51 натпревар, постигнувајќи 12 гола и осум асистенции.

Треба да знаете
Последни објави